Оваа бројка претставува нов „рекорд“ уште од почетокот на пандемијата, а дури и во најсилните бранови не беше регистриран толку висок процент на починати.
Четвртата најнаселена држава во светот се соочува со една од најстрашните епидемии, а во саботата бројот на новозаразени го „сруши“ рекордот и достигна речиси 28.000 за само еден ден. Властите преземаа сериозни мерки и воведоа карантин во големите градови, но овој тренд се уште не престанува.
Земјата се соочува и со недостиг на залихи за кислород, што беше причина 60 луѓе да починат во болниците во главниот град Џакарта. Си-Ен-Ен пренесува дека земјата се бори со епидемијата која е главно потикната од заразната „Делта варијанта“.