Новиот лидер на германските демохристијани и премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, кој е кандидат на конзервативната Демохристијанска унија (ЦДУ) во дуелот ќе се обиде да го сврти расположението на гласачите кое последниот месец се сврте кон актуелниот министер за финансии и кандидат на Социјалдемократите (СПД) Олаф Шолц, кој во моментов има солидна предност во анкетите.
Последните анкети за јавното мислење покажуваат дека СПД е неколку поени пред ЦДУ/ЦСУ, партијата на канцеларката Ангела Меркел, со поддршка од околу 25 проценти. Зелените, со кандидатката Аналена Баербок, кои пролетва во еден период беа и први во рејтинзите, сега се на стабилното трето место и најверојатно ќе одлучат кој од претходните двајца кандидати ќе формира влада по изборите.
Германците излегуваат на гласање на 26 септември, а тогаш, по 16 години, минати на функцијата канцелар и по четири последователни победи на изборите, Ангела Меркел заминува од политиката.