став на Љупчо коцарев, претседател на МАНУ
Се копа и рие по она што ни е најсвето. Сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ.
– За жал денес сме соочени со непринципиелни уцени и закани и ненаучни аргументи, бесмислено барање дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик имаат бугарски корени. Апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што тоа го бара една соседна земја.