Синдикатот на контролорите на летање од Македонија со поддршка до колегите од Албабнија кои штрајкуваат.
Од ССКЛ сметаат дека во овие кризни времиња, кога целиот свет е затекнат од Ковид пандемијата, контролорите на летање се есенцијален дел од авио-индустријата, кои максимално почитувајќи ги протоколите за заштита, со своето секојдневно присуство на работните места безусловно продолжуваат да се грижат за безбеден, редовен и експедитивен воздушен сообраќај, притоа не потпомогнати од никого.
„Апелираме до надлежните чинители во Албанија да изнајдат решение на конфликтот преку конструктивен дијалог, а не преку притисоци и закани“, велат од ССКЛ.