Тринаесетгодишниот Коста К. не само што детално го испланирал крвавиот пир во неговото училиште, туку и планирал како да ја избегне затворската казна. Тоа го покажал прегледот на неговиот телефон, пренесува „Блиц“ повикувајќи се на извор запознаен со случајот.
Според нивните информации, тој го планирал масовното убиство веќе еден месец, а од анализата на неговиот телефон е откриено дека свесно го извршил баш тогаш бидејќи непосредно пред делото го пребарувал Кривичниот законик на Србија на интернет, со цел да се истражи дали децата можат кривично да одговараат.
Врз основа на неговите пребарувања, констатирано е дека нападот во училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат нешто повеќе од 2 месеци и дека има уште толку време од кривичната одговорност доколку стори кривично дело, вели изворот на „Блиц“.
Утврдено е и дека гледал филм за масакр во училиште во Америка ноќта пред масовното убиство. Злосторстово го извршил неколку часа подоцна.