Градоначалникот на општина Каропш Сотир Лукровски видео на кое потенцира дека во континуитет се работи на расчистување од временските непогоди кои ги зафати главниот град, а како најпогодена општина е Карпош.
Службите на Општина Карпош и денеска се на терен за расчистување и санирање на штетите по невремето кое го зафати главниот град.
„Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра координација, ангажман и посветена работа на сите служби, правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени кровови и други последици од невремето“, велат од Општина Карпош.
