61 годишниот Г.С. од селото Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга – пишуваат српските медиуми.
До несреќата дошло откако македонскиот државјанин со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во близина на поранешниот сопруг.
Осомничениот физички, во еден момент, го удрил Б.П. по што тој паднал со глава на земја и набргу потоа починал. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.