Македонец кој се вратил од Дубаи со лет на авиокомпанијата „Флај Дубаи“, за српски „Телеграф“ го раскажа своето искуство откако слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Тој, заедно со еден Полјак бил меѓу патниците кои во последен момент успеале да ја напуштат областа погодена од бомбардирања и да стигнат во Србија.
Утрото на нападот тој го опишал вака:
– Се разбудивме со бомби. Тоа будење е ужасно. Скокаш од кревет. Не е исто. Моите родители реагираа бурно. Ми рекоа веднаш да се вратам. Мајка ми рече „Дојди, кој го ебе Дубаи. Што има таму. Ништо“ – изјавил тој кога го начекале новинарите на „Телеграф“ на аеродромот.
Полјакот, пак, објаснил дека ситуацијата била сериозна, но дека дел од медиумите ја прикажале полошо отколку што било во реалноста.
– Европските медиуми ужасно известуваа. Летаа бомби, но животот продолжуваше нормално – изјави тој.
Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ досега организирала три летови од Дубаи до Белград.
