Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е убеден дека е способен да направи компромиси во парламентот.

Претходно оваа недела, францускиот лидер се обиде повторно да дојде до своите политички противници, барајќи од нив да размислат како фрагментиран парламент може да донесува закони, бидејќи тој призна дека актуелната политичка криза бара поинаков пристап, пренесува „Ројтерс“.

Се додава дека Макрон уживаше целосна контрола врз парламентот за време на неговиот прв мандат од 2017 година, но гласачите кои го реизбраа за претседател во април одлучија дека неговата опција ќе го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот минатата недела, што значи дека францускиот претседател сега мора да најде поддршка меѓу неговите политички ривали.

„Ројтерс“ наведува дека причините за ваквите резултати се однесуваат на растечката инфлација и воочената рамнодушност на Макрон.