Во гостувањето во Дневникот на Сител Мицкоски рече дека набавката на вакцините требало да се спроведе во декември.

-Април дојде, ниту Фајзер се виде, ниту вакцини се видоа. И наместо одговорност за тој срам што и го нанесоа на нацијата и државата, уште па ги гледаме самобендисано дезертерите како вчера излегуваат на прес-конференција и кажуваат дека заслужуваат тридневен одмор во услови кога дневно по 30 луѓе губат живот, кога во клиниките имаме италијанско сценарио и кога илјадници се заболуваат. Тоа се трауми за семејствата. Наместо да понесат одговорност и да поднесат оставка, тие уште ја убедуваат јавноста дека заслужувале одмор. Дезертери и криминалци, рече Мицкоски.

Според него, министрите и вицепремиерите наместо да лобираат за пописот треба да трчаат по фабриките низ светот и да бараат вакцини.