Мицкоски опозицијата ја опиша како безидејна и побара обединување

Премиерот во својот државнички говор постави 10 принципи кои бара да ја поддржи и опозицијата. Тој своите опоненти ги опиша како „безидејни“ и побара да се обединат по клучните прашања.

10 принципи за заедништво и сплотеност

„Владеење на правото, крај на партизацијата и етничките конфликти во општеството, национално единство, заштитување и подобрување на стандардот на граѓаните, правда и силно образование. Меѓу другите барања се и целта за членството во ЕУ, државно единство, борба против иселувањето и градење на заеднички патриотизам“.

Ова се барањата на премиерот Мицкоски до опозицијата.

Видео обраќање од говорот на премиерот

 

„Заедно се бориме, заедно ќе успееме“

По повод 8 септември Владата одржа настан кој беше под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“.

Мицкоски со свечен говор за Денот на незавиноста: Десет принципи за заедништво и сплотеност

Програмата траеше повеќе од три часа и имаше повеќе гости кои направија ретроспектива од осамостојувањето до ден денес.