Зрела држава мора да побара од Бугарија писмени гаранции за идентитетот, јазикот но и обврска дека Бугарија нема да нѐ блокира во понатамошниот пат кон ЕУ. Жалам, искрено жалам, што отсуствува мудрост од македонска страна. Она што требаше да биде македонска позиција со барање за писмени гаранции, станува бугарска позиција и сега гледам дека тоа го говори Радев, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.
И тоа е пропуштена шанса за Македонија. Едноставно, или се нема знаење, или сервилноста е преголема од страна на Владата во Македонија. Не сме известени за никакви детали, но она што го барам од македонската влада е да води сметка за националните и државни интереси, и ниту еден договор спротивен на националните интереси нема да добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.