Реакција по објавените снимки од шампионската прослава
Министерството за спорт реагираше по синоќешните настани поврзани со прославата на шампионската титула на ФК Вардар.
Во соопштението се наведува дека по појавата на видео снимки од прославата, Министерството и лично министерот за спорт ја известуваат јавноста дека ваквиот тип однесување се осудува недвосмислено.
Осуда за навреди и најави за можни санкции
Во реакцијата се наведува дека се осудуваат навреди по која било основа, особено кога се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот.
Се посочува дека слични случувања имало и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, и дека вакви појави повторно се повторуваат.
Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и бара од учесниците јавно да се извинат пред македонската јавност.
Во соопштението се апелира вакви случувања да не се повторуваат во иднина, со напомена дека Министерството ќе најде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран.
Се додава дека ривалствата меѓу екипите се разбирливи, но спортот се игра за публиката и сите учесници имаат одговорност кон јавноста и општеството.
