Она кое што го води денеска опозициската СДСМ, која го донесе Преспанскиот договор, е на отворена сцена да испраќа пораки кои што се полни со конструкции и лаги, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
-Она кое што исто така е факт и ние не смееме да го заборавиме е дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, бесплатно и поквалитетно образование, повеќе за младите… Веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги отпочнеме преговорите и ќе ги завршиме. Ништо од тоа не се случи. Ако се искучи членството во НАТО, сето останато не се случи. Поучени од тие лекции од минатото ние денеска ја водиме нашата надворешна политика која не е составена од гланцање чевли во Брисел на евродипломати и коленичење туку надворешна политика која се темели на аргументи. И тие арументи да имаат некоја логика, да може секој да ги разбере бидејќи времето на внимание кога ве слушаат во Брисел се состои во минути. Мора во неколку минути да го спакувате тоа што има суштина и сакате да го пренесете, рече премиерот.
Тој посочи дека така Владата се бори во овој момент и така создава пријатели.
-Ова не е спринт, ова ќе биде маратон имајќи ги предвид грешките од минатото, но ние сме подготвени да се бориме и се бориме, а и ќе продолжиме да се бориме, рече Мицкоски.
