Вандализирањето на канцеларијата на ЕУ во Софија покажува дека Москва уште веднаш почнува да ја користи слабоста на колективниот запад кој очигледно повеќе нема унифицирн став за Украина.

ПИШУВА ЉУПЧО ЗЛАТЕВ, уредник и новинар

Соседна Бугарија за жал се покажува како општество кое е прилично ранливо на ваквите хибридни закани. Пример за тоа е блокадата која со годинини ја има Македонија за членство во Европската Унија. Таа блокада доаѓа од потребата на бугарските политички елити да им удоволат токму на оние кои денеск ја вандализираа канцеларијата на ЕУ во Софија.
Македонија треба будно да ги следи заканите кои доаѓаат од Русија, затоа што ние не сме далеку од радиусот. Впрочем, многу лесно може да се случи кај нас про-руска партија да стане прва во опозицијата. Законодавците и безбедносните институции веќе треба да имаат запалено црвен аларм.