По веста дека денеска од страна на МВР е приведено лице поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје, новинарот и главен и одговорен уредник на радио Лидер, Љупчо Златев, со свој став се огласи на својот фејсбук профил:

-МВР ПРАВИ ПОЛИТИЧКА МЕСТЕНКА И ЖИГОСУВА ОДЛИЧЕН МЛАД ЧОВЕК!
Почитувани пријатели,
Ретко пишувам за вакви работи но морам да го соопштам со вас ова. Имено, неспособните од МВР кои со недели не можат да пронајдат кој дава лажни дојави за бомби вечерва прават прогон врз недолжен, перспективен и паметен млад човек.
Имено, меилот од кој денеска била пратена заканата за бомба бил потпишан со име презиме “Никола Николовски” и во описот бил поставен телефонскиот број на Никола Николовски на социјалните мрежи познат како “Боемот”. Ова претставувало доволен мотив за лудаците од МВР денеска брутанолно од неговиот дом да го проверат младиот Николовски. Тој до овој момент се уште е во полициската станица.
Никола е мој поранешен практикант и поранешен вработен на Радио Лидер. Станува збор за екстремно интелигентен и претприемлив човек од чесно семејство, кој на свои 23 години веќе изгради свој успешен бизнис со е-трговија.
Замислете, дали некој е толку глупав своето име и својот број да го стави на најава за бомба? Будалите од МВР отидоа до таму, што на прес конференција објавија дека го привеле момчето. Потоа неговите слики ги шират преку боровите на СДСМ на социјалните мрежи, срам да ви е!
Детево на мравка не гази, никогаш никаков прекршок не направил тие го теретат за ова? Што ако во меилот за дојава стоело името Зоран Заев и неговиот број? Ќе го приведевте?
Никола е слободоумен и критичен човек кој ќе го издржи ова на нозе, но вие како ќе спиете знаејќи дека брутално го наруовте мирот на една прекрасно семејство? Е тоа не знам…, пишува Златев на својот фејсбук профил.