Акции во Штип, Делчево и тетовскиот регион
Денеска (05.07.2026) полициски службеници од повеќе организациски единици спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на подрачјата на Штип, Делчево, како и во селата Непроштено, Лешок, Теарце и Глоѓи во тетовскиот регион.
Од МВР информираат дека активностите биле реализирани од Отсекот за превенција при СВР Тетово, ПО Теарце, Отсекот за превенција при СВР Штип, ОВР Делчево и РЦГР Исток.
„На граѓаните им беше потенцирана потребата за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување“, соопштија од МВР.
Забрана за движење во шуми и апел за пријавување пожари
Граѓаните биле информирани и за забраната за движење во шуми и шумски подрачја, која е во сила од 01.07 до 31.08.2026 година.
„Доколку забележат пожар, тоа веднаш треба да го пријават на телефонскиот број 112“, посочуваат од Министерството.
Во рамки на активностите бил поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со цел зголемување на свеста за превенција од шумски пожари.
