– Според статистика за изминативе недели, 44.069 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 отсто, додека само 2 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се наведува во анализата, каде се посочува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се примиле две дози вакцини и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.
Смртноста кај невакцинираните, пак, е драстично поголема.
– Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид-19, од кои 1790 пациенти не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, покажува анализата.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, нагласувајќи дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, посочува Министерството за здравство.