Прекин на сообраќајот за сите типови на возила од 6 август од 9 до 15:00 часот, поради изведувње на градежно асфалтерски работи има на регионалниот пат Житоше-Кривогаштани.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.