Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација учествува на 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос. Тој ќе оствари серија билатерални средби на кои ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Собирот во Давос се одржува под мотото „Во духот на дијалогот“ и обединува над 65 шефови на држави и влади за изнаоѓање решенија за глобалните предизвици.

Официјалната програма на Светскиот економски форум започнува денеска, а говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг.

Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд. Трамп се очекува во Давос утре и е предвидено да одржи и говор.