Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо.

Според првичните информации, автомобилот немал соодветна зимска опрема и се движел со поголема брзина со летни гуми. Девојчињата кои се превезувале во возилото претрпеле страв, но поминале без повреди.