Нигериските безбедносни сили спасија најмалку 21 ученик откако беа киднапирани од вооружена група, соопшти денеска полицијата.Децата биле киднапирани во петокот додека патувале со наставник во исламско училиште во соседната држава Кацина.
Полицијата соопшти и дека „работи на ослободување и на други жртви“.
Засега не се знае точниот број на киднапирани деца.
Во руралните делови на Нигерија децата често пати се цел на киднапирања од страна на бандите, кои на теренот се позастапени од полицијата.