Тендерот го добил конзорциум со само 200 евра пониска понуда од конкурентите. Рашковски склучил договор со фирмата „Аитоникс“, која го добила тендерот за софтверски лиценци во групација или конзорциум со уште една компанија „Крејон Македонија“.
– Набавката планирана за февруари 2020 година во мај била поништена откако до Комисијата за жалби по јавни набавки жалба поднела фирмата „Некстсенс“. Иако Секретаријатот ја прифатил жалбата и го поништил тендерот, веќе следниот ден распишал нов тендер за софтверски лиценци со нови услови, односно во повторената постапка не се бара ниту еден од од условите во поништената постапка, пишува Фокус.
За да обезбеди Мајкрософт или еквивалентни софтверски лиценци и сервиси за државните и образовните институции, „Аитоникс“ склучил 56 договори за јавна набавка во вредност од 1.062 милијарди денари.
Иако „Аитоникс“ ги исполнува финансиските услови од тендерот, парнерот „Крејон Македонија“ од формирањето во 2018 година остварил 0 денари приходи, пишува неделникот.
Секретаријатот на Владата во времето додека Драги Рашковски е генерален секретар реализирал уште две набаавки поврзани со набавката на софтвер од „Инвока“, во износ од 11 милиони денари.
Со „Про инструментс“ бил склучен договор за ANPR-камери за препознавање регистарски таблички – 4,6 милиони денари и со „Монтинг енергетика“ бил скучен договор од 1,4 милиони денари за метални кабини.
Со компанијата на Станчев, пишува неделникот „Фокус“, Рашковски склучил уште два договори за набавка на софтвер за полагање испити за потребите на други институции. Овие се во тежина од 15 милиони денари. Додека Рашковски бил генсек склучен е и ИТ-договор со „Ентер“ за набавка на софтвер за рамномерен регионален развој вреден 39 милиони денари. Охридската фирма конкурирала на тендерот со двојно пониска понуда од конкурентите.
Сепак, убедливо најголем тендер е оној за набавка на софтверски лиценци. Овој тригодишен договор бил склучен во повторена постапка откако целосно отпаднаа условите за техничка и професионална способност од првата поништена постапка. На самото заминување, Рашковски склучил договор тежок милијарда денари со конзорциумот „Аитоникс“ и „Крејон“, кои ја победиле конкуренцијата за 200 евра, пишува Фокус во печатеното издание.