Георгиевски од Токио сигурно ќе се врати со медал, дали ќе и донесе на Македонија злато или сребро ќе покаже финалната игра против Русинот Владислав Ларин кој е апсолутен фаворит.

Во полуфиналето Георгиевски го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Магијата на Ин, кој бележи 100 борби и 82 победи на нив, не беше доволна да го запре нашиот Дејан на Македонија да и донесе олимпски медал.

Утринава, патот кој олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

Финалето на оваа борба е закажано во 2:45 часот.