Новинарот кој ја праша Јаневска дали носи преведувач според Мицкоски е „циркузант“
„Понекогаш тоа што нема коментар, не значи дека некој заборавил да коментира. Едноставно, некои луѓе не заслужуваат да биде коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му – сите може да го видат и слушнат“, вели премиерот Христијан Мицкоски за вчерашниот случај кога новинар ѝ постави прашање на министерката за овразование Весна Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела ѝ преведувач од македонски на албански јазик.
Според премиерот, подобро е да се премолчи откако да се влезе во, како што вели, таква естрада.
Новинар вчера ѝ рече на министерката за образование: „Ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач“.
„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, му одговори Јаневска на провокативното прашање.
Ова е вторпат на Јаневска да ѝ биде сугерирано да има преведувач. При претходна слична ситуација, таа од Тетово изјави дека во Македонија има еден службен јазик и дека не е потребен преведувач.
