Поврзување на Македонија со нови европски дестинации

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај 2025 година ќе добие нови директни авионски линии кон Барселона и Лион, најавија денеска ТАВ Македонија и авиокомпанијата Виз Ер на заедничка прес-конференција. Летовите ќе се реализираат со финансиска поддршка од Владата на Македонија.

Николоски најави шест нови авионски линии од Скопје и Охрид до Дубаи, Барселона, Лион, Базел, Штутгард и Истанбул

Термини за летовите

Линијата Скопје – Барселона ќе сообраќа двапати неделно, во вторник и сабота, додека линијата Скопје – Лион ќе биде активна трипати неделно, во вторник, четврток и сабота. Првиот лет кон Барселона ќе се реализира во сабота, на 3 мај, во 18:50 часот. Дополнително, двајца среќни патници ќе освојат бесплатни авионски билети преку натпревар на социјалните мрежи.

Враќање на популарната линија кон Барселона

„По тригодишна пауза, повторно ги поврзуваме Скопје и Барселона. Ова враќање е резултат на силната соработка меѓу Владата, Виз Ер и ТАВ Македонија“, истакна Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Тој изрази уверување дека линијата ќе биде уште попопуларна од претходно.

Прво директно поврзување со Лион

Лион е нова дестинација за скопскиот аеродром. Градот, кој е под заштита на УНЕСКО и се смета за родно место на кинематографијата, нуди богата гастрономска сцена и културно наследство. Курт додаде дека овој нов правец ќе ја зголеми туристичката размена и ќе понуди нови можности за македонските патници.

Планирани и нови дестинации

ТАВ Македонија најави дека наскоро ќе бидат воведени дополнителни авионски линии кон шпанското и италијанското крајбрежје, повторно воспоставување на летот кон Ларнака во Кипар, како и нови рути кон Прага и Мадрид. Летот Скопје – Дубаи, кој првично беше најавен за крајот на март со Флајдубаи, е одложен за есенските месеци.

Николоски најавува директен лет Скопје – Дубаи

Субвенции и нови дестинации

За поддршка на воздушниот сообраќај, државата ќе субвенционира 12 евра по патник на охридскиот аеродром и 9 евра за скопскиот аеродром за секој нов патник. Како што најави министерот Николоски, во подготовка е и втор повик за субвенции кој треба да се објави до крајот на ноември, со цел да донесе дополнителни дестинации.

Во тековнит летен период, скопскиот аеродром оперира со 47 дестинации, а охридскиот со 8 дестинации. Во зимските месеци, бројот на дестинации се намалува на 38 од скопскиот и 4 од охридскиот аеродром. Ваквите флуктуации се очекува да бележат раст во следните месеци благодарение на минситерството за транспорт и врски и владините субвенции.