Романската крајбрежна стража почна операција за спасување мигранти, кои пловеле со рибарски брод во романските територијални води на Црното Море.

Бродот, во кој се превезувале околу 30 луѓе, утрово е забележан утрово од страна на романската крајбрежна стража како доаѓа од Турција.

Бродот ќе биде испратен до пристаништето Констанца, каде мигрантите ќе ги преземат од граничната полиција.