Општина Центар алармира до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради, како што наведува, протестот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Според Општината, голем број граѓани денеска се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.
-Апелираме на итна реакција од Градот Скопје под чија надлежност е ЈП „Комунална хигиена“. Ние со своето претпријатие ќе продолжиме активно да ги одржуваме општинските површини. Предупредуваме, надлежните од Градот да не бараат оправдувања, туку веднаш да дејствуваат, високите температури надвор најмалку дозволуваат главниот град да биде претрупан со смет. Граѓаните плаќаат комунална такса и сакаат чист град, порачува Општина Центар.