Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја.

Тој на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи.

На лице место беа бројни новинари кои го забележаа доаѓањето на Орбан и моментот кога тој со гласачко ливче отиде на штандот за да ја изврши својата граѓанска должност.

Пред да го вметне гласачкото ливче во гласачката кутија, Орбан и неговата сопруга позираа пред фоторепортерите.

Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка. Коалицијата на опозициските партии овие избори во Унгарија ги гледа како референдум за иднината на Унгарија на Запад.