Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го посети командниот центар за контрола на здружените сили во Секешфехервар, со цел да се запознае со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата МТИ.
Орбан повтори дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата.
-Развојот на војската и одбранбената индустрија не смее да забави и покрај економската криза предизвикана од санкциите. Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени, додаде тој.
Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, го информираше Орбан за статусот на програмата за развој на одбраната и вооружените сили, обуката на персоналот и достигнувањата во развојот на капацитетите.