Адамс беше во кома од март 1982 година, кога пред рутинска операција на коленото му беше вбризгана преголема доза анестетик што предизвика оштетување на мозокот.
Неговата сопруга Бернадет одби евтаназија и оттогаш постојано се грижеше за поранешниот француски репрезентативец.
Роден во Сенегал, црномуресниот Адамс во периодот од 1972 до 1976 година одигра 22 натпревари за Триколорите и заедно со прославениот Мариус Трезор го сочинуваа францускиот одбранбен бедем познат под прекарот „црна стража“.