Странските трупи кои сè уште се наоѓаат во земјата, американски и турски, по заминувањето на повеќето војници на НАТО се исклучиво под надзор на нивните национални командни центри, тврдат изворите.
Тоа значи дека се ближи крајот на најкрвавата воена мисија во историјата на Алијансата.
Одлуката официјално да не се објави крај на воената мисија е поврзана со фактот дека оперативниот план е сè уште во сила, објаснува ДПА.
САД влегоа во Авганистан по терористичките напади на 11 септември 2001 година, а сојузниците набрзо им се приклучија.
Вашингтон тогаш првпат ја покрена НАТО клаузулата за меѓусебна одбрана.