Пешакот кој синоќа се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило починал во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, информираат утрово од МВР за МИА, пренесувајќи детали за сообраќајната несреќа во новиот центар на градот.
-Синоќа во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улица „Никола Минчев“ и булевар „Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 00.05 часот починал, соопштуваат од МВР
Бил извршен увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.