Откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери упадна во СЦР Тетово и ги „проверуваше“ вработените дали работат, утрово се огласи претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев кој упати силна осуда кон Џафери.
Политиката да се држи подалеку од полицијата
Делчев во изјава за медиумите однесувањето на Џафери го нарече некултурно и непристојно, при разговорот со вработени во СВР Тетово тој го нагласи фактот дека се тоа го снимаше. Делчев нагласува дека политиката треба да се држи подалеку од полицијата.
„Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се сниаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред предизборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици“, рече Делчев.
Предизборни поени не се собираат со влегување во институциите
Делчев смета дека политичките кампањи и собирањето предизборни поени политичарите можат да го организираат надвор од институциите. Тој застана стриктно на страната на работниците и вели дека истите не треба да се злоупотребуваат за политички цели.
„Во институциите не смее да има политика“, заклучува Делчев.
Недостатоците и пропустите во полицијата Делчев смета дека треба да се проверуваат по институционален пат.
Синдикатот бара министрите да застанат на нивна страна
Тој побара министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.
Што претходеше на ова: Џафери упадна во СВР Тетово
Ваквиот епилог следува по ненајавена посета на Џафери вчера во СВР Тетово. Тој со строг глас ги прекорува вработените во една од канцелариите, бара информации за нивното присуство во таа канцеларија, им се обраќа на ТИ, а на крајот бара тие што не работат во таа канцеларија да ја напуштат.
Во продолжение погледнете го видеото:
Џафери најде недостатоци на полицијата, а тоа го соопшти вчера и во изјава за медиумите. Во меѓувреме, актуелните се преписките меѓу министер за внатрешни работи Панче Тошковски и Џафери, а тие се должат бидејќи Џафери не му дозволува да назначи друг началник на СВР Тетово.