Општина Аеродром постави целосно нова вертикална и хоризонтална сигнализација, како и направи за смирување на сообраќајот на неколку фреквентни локации во Долно Лисиче.
Сигнализацијата е поставена по барање на граѓани и родители на ученици од подрачното училиште „Гоце Делчев“.
Новата сигнализација ќе ја зголеми безбедноста како на децата, така и на сите учесници во сообраќајот кои гравитираат во овој дел од нашата општина.
-Се грижиме за безбедноста на сите наши граѓани, а ваква сигнализација ќе поставуваме и на други локации каде што е тоа потребно на целата територија на општината. Повикуваме на совесно однесување на сите учесници во сообраќајот, како и на санкции од надлежните институции за оние кои ги прекршуваат пропишаните правила и закони, велат од Општинат Аеродром.