Планирани прекини поради технички зафати

Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 17.03.2026 година, вторник, поради зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците ќе останат без електрична енергија.

  • Од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. 2 во село Булачани, Општина Гази Баба.

  • Од 08:30 до 15:30 часот, прекин ќе имаат корисниците од дел од ул. Тодор Чангов, поточно подулиците со број 35, 37 и 39, Општина Аеродром.

  • Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Франц Розман, Општина Карпош, ќе бидат без електрична енергија.

  • Од 09:00 до 16:00 часот, прекин ќе имаат корисниците во селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино, Општина Чучер Сандево.

Овие зафати се дел од редовното одржување на мрежата и обезбедување сигурна испорака на електрична енергија за сите корисници.