Повторно дојави за бомби во белградските училиша. Утрово околу 8.20 часот во неколку основни и средни училишта во Белград пристигнале ваквите пораки, а српското МВР ги информирало родителите.
Како што пренесуваат српските медиуми, родителите по Вибер добиле известување.
„Почитувани родители, Министерството за внатрешни работи на Србија повторно доби дојава дека се поставени бомби во сите училишта во Белград. Децата се изнесени надвор, чекаат полицајци кои ќе извршат увид. Ако се е со цел да се вратат на редовните активности“, стои во пораката која ја добиле родителите по Вибер.
Во меѓувреме, полициски екипи вршат увид на училиште по училиште, а по завршувањето на секој увид учениците ќе бидат вратени на настава.
Да потсетиме, дојавите за поставени бомби во белградските училишта не престануваат и станаа секојдневие.