Предизборен маркетинг, поткуп на маргиналните заедници (малцинствата) или објективна потреба за вработување? По долги преговори и протести, Владата прифати да се вработат 1.117 лица кои со години работеа со договор на дело. Сепак, тие нема да бидат трансформирани, туку ќе се објави јавен оглас на кој ќе може да се пријави секој кој ги исполнува условите.

Медицински сестри, лаборанти, техничари, болничари и друг немедицински персонал како хигиеничари и возачи ќе добијат вработување на неопределено. Министерот за здравство Меџити упати апел до менаџерите, предност да им дадат на оние кои веќе работеле во здравствените установи. Во последниот, на Клиниката за гинекологија, се бара вработување кадар од одредена национална припадност.

На овој конкурс Македонците како и многупати досега беа дискриминирани. За позицијата доктор на специјализација по гинекологија и акушерство на работа ќе се прима исклучиво Албанец или Турчин, за доктор на специјализација по педијатрија стриктно Албанец, а по анестезија и интензивна нега се бара Албанец или пак Ром.

Јавниот оглас за вработување на медицински персонал, го изиритира докторот Ненад Лазаров. Во него, еден од критерумите е и од која етничка припадност да доаѓа медицинарот. Затоа, доктор Лазаров ги праша институциите: „Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???“.

Тој вели дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет.

„Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате. Јас нема да коментирам понатака само со цел свој авторитет ви кажувам дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет. Националност не постои во терциерна здравствена установа, една и единствена од ваков вид во државата“, напиша Лазаров.

За премиерот Ковачевски тоа не е спорно бидејќи, вели, така наложува законот за правична застапеност.

Од друга страна пак, наскоро следат избори. Откако во претходната недела ова беше актуелно со ЕСМ, сега продолжува и со здравството.

Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори. Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Според опозицијата не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.

Секое полнење на администрација пред избори не може да се свати поинаку освен како изборен поткуп.

Преку јавни настапи и протести, околу 2.000 здравствени установи во изминатиов период алармираа за проблемот, посочувајќи дека со години работат со договор на дело, без здравствено осигурување на најчувствителни позиции, за плата од 20 илјади денари.

Во некои здравствени установи веќе имаше конкурси за вработување. Од Независниот синдикат предупредија дека таму се вработувале луѓе однадвор, а не оние со договор на дело.