Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард (70), ќе се повлече од функцијата на 7 февруари 2027 година. Ова повлекување доаѓа околу осум месеци пред официјалниот истек на нејзиниот мандат, соопшти денеска Банката со седиште во Франкфурт.

Редовниот мандат на Лагард требаше да заврши на крајот на октомври 2027 година. Таа застана на чело на централната банка на еврозоната на 1 ноември 2019 година.

За својата одлука за предвремено повлекување, Лагард веќе официјално ги известила Советот на гувернери на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. По ова известување, останува на лидерите на 21 земја од еврозоната да изберат наследник на француската економистка.

Покрај соопштението за повлекувањето, Лагард објави и видеообраќање, при што даде појаснување за нејзиниот физички изглед со цел да ги спречи шпекулациите во јавноста.

„Само за да ги избегнам коментарите на социјалните мрежи: фластерите на моето лице се поради помала операција на почетокот на неделава. Следете ги препораките на лекарот и редовно проверувајте ја кожата!“, напиша Лагард.