Хуманитарниот прекин на огнот во Украина во моментов не изгледа како реално сценарио, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

-Во овој момент, глобален прекин на огнот во Украина не изгледа возможен, изјави Гутереш пред новинарите, пренесува Н1.

Шефот на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс претходно ги посети Русија и Украина за да види дали може да се постигне хуманитарно примирје.