Сообраќајна незгода се случи денеска на планинскиот превој Плетвар, каде што патничко моторно возило се превртело надвор од коловозот. Граѓаните преку социјалните мрежи споделија фотографии од местото на настанот.
Според објавените материјали од теренот, возилото кое учествувало во несреќата било со бугарски регистарски таблички. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица или за причините што довеле до превртувањето.
