Скопјани кои излегоа на протест го изразија својот револт поради проектот за изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин”.

Тие бараат Основното јавно обвинителство да постапи по иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупција бидејќи, како што велат, од месец мај годинава, до сега тие немаат никакво известување до јавноста.

-Она што почнува да се гради според ДКСК е нелегално. Постои сомнеж за злоупотреба на службената положба и сомнеж за корупција. Бараме Обвинителството да постапи по иницијативата која му е поднесена од ДКСК, бидејќи од мај немаат никаков напредок во предметот. Оваа власт наводно се бореше против „Скопје 2014“, но за да ни го сервира „Скопје 2021“. Ако ова се спроведе што се планира, овој дел ќе биде најгусто населен регион во светот и крајно нехумани услови за живот. Тие луѓе кои велат дека се оштетени и живеат на тој дел можат да бидат обесштетени од државниот буџет, а Општината Центар е должна да ги усвои планот за суспензија на тој ДУП бидејќи во него се наведени сите аргументи поради кој тој план е спротивен на Генералниот план за Скопје. Таков план не смее да се спроведува, рече актуелната советничка во Град Скопје, Драгана Велковска од „Зелен хуман град“