10 месеци затвор доби Јасмина Костадинова, службеничка во министерството за земјоделие која призна вина дека примила поткуп од 2.000 евра во случајот за злоупотреба на ИПАРД фондовите.

Костадинова, на минатото рочиште бараше судот да и врати дел од запленетите пари за кои тврдеше дека се нејзини. Судот денеска одлучи да се одземат мобилните телефони и да се конфискуваат парите кои се дел од кривичното дело.

Костадинова е една од 9-мината обвинети кои требало да помогнат фирма која не била меѓу рангираните да земе пари од европските ИПАРД фондови.

Во случајот првообвинет е поранешниот министер Џевдет Насуфи кој со понуден поткуп од 50 илајди евра, потпишал договор за користење на пари од ИПАРД програмата, иако неговата фирма не ги иполнувала условите. Според обвинителството, измамата била направена со помош на ексдиректорот на платежната агенција Стоилев и неколкумина вработени.. За нив судењето ќе продолжи на 11 мај.