Радев индиректно му одговори на претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов дека не е правилно да се прекорува одлуката да се испратат пожарникари во борбата против пожарите во Македонија.

-Најголемата закана доаѓа од пожарите на територијата на Северна Македонија, каде фронтот се приближува на четири километри од нашата граница. Благодарност до сите пожарникари, војска, полицајци, шумски службеници за нивната несебична борба. Благодарност до тимот на противпожарната служба од Благоевград, кој во моментов се наоѓа во Северна Македонија. Тие заслужуваат признание, а не прекорувања за тоа што се таму. Тоа е долг кон нашите браќа, а пожарникарите исто така се борат стихијата да не дојде кај нас. Ве молам, бидете внимателни со квалификациите, нагласи Радев.

Од своја страна, бугарскиот технички премиер Стефан Јанев кажа дека состојбата со пожарите не е добра и властите мора да се будни.

Во врска со пожарите кај нас, Јанев рече дека намерно испратиле тимови да се борат со пламените јазици во Пехчево и Берово.

-Ако некој има сомнежи за одлуката, нека ги праша луѓето во Благоевград каков чад имало и каков воздух дишеле, изјави Јанев.