Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот лидер кој може да донесе мир. Ова во денешното интервју за весникот „Ла Верита“ го изјави Матео Салвини, италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига.
Тој смета дека Европа под водство на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен, и земјите како Франција и Германија пропаднала. Според Салвини, Европа треба да се фокусира на силни национални држави, а не на војска.
Салвини, ја коментираше улогата на италијанската влада, оценувајќи ја како најстабилна на европскиот континент. Тој ја пофали Владата на Џорџа Мелони. Таа се залагала за единство и дипломатија. Додека за идејата на Макрон за испраќање европски трупи во Украина рече дека е погрешна и арогантна.
Во контекст на мировните преговори меѓу Русија и Украина, Салвини нагласи дека нема да се меша во територијалните услови на договорот, истакнувајќи дека одлуките треба да ги донесат претседателите Путин и Зеленски.
„Европа не треба да продолжи со разговори за оружје и испраќање војници во Украина“, заклучи Салвини, додавајќи дека идејата за заедничка европска армија претставува опасност за самата Европа.
Извор: Курир