Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли. Воедно, оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Санкционирани 119 возачи во Скопје
С
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, односно на територијата на град Скопје изрече вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции за нерегистрирани возила.