Францускиот министер за здравство рекол дека се чини дека новиот сој не е попренозлив или да предизвикува тежок облик на Ковид 19, но француските медицински научници изразиле загриженост поради фактот што новиот сој избегава откривање преку стандардниот ПЦР тест.
Белгискиот вирусолог Стевен Ван Гуш објаснил дека осум пациенти покажувале вообичаени симптоми од Ковид 19, но ПЦР тестовите упорно покажувале негативни резултати, пишува Њуз Медикал.
Појавата на новиот сој доаѓа во моментот кога Франција бележи пораст на бројот на заразени, а претседателот Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во наредните неколку денови.
Светската здравствена организација новиот сој го окарактеризирала како „варијанта под истрага“, а не како „загрижувачка варијанта“, што било случај кај британскиот, јужноафричкиот и бразилскиот сој.
Гуш нагласил дека постојат многу различни тестови во различни лаборатории , па можно е одредени тестови да имаат проблем с откривање на одредена варијанта од новиот вирус на корона, но дека добрите тестови обично не откриваат само еден специфичен дел од вирусот. Тестовите обично откриваат еден до три различни делови од вирусот.
Во меѓувреме француските власти спроведуваат морално следење на состојбата и мерките за поддршка на здравствениот систем.