Шестмина цивили, меѓу кои две деца, загинаа, а 30 беа повредени во бомбардирањето на северниот сириски град Африн, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).
Африн во провинцијата Алеп е под контрола на турските сили и нивните сириски сојузници.
„Не е познато кој го извршил нападот, но проектилите биле истрелани од областа каде што се распоредени силите на сирискиот режим и сириските Курди”, наведува СОХР.
„Шест лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 30 се повредени”, соопшти Опсерваторијата.
Турската армија е распоредена од 2016 година во северозападна Сирија околу Африн и регионот Идлиб, една од последните неконтролирани енклави во Дамаск.
Во последните две години, интензитетот на борбите е намален во Сирија.