Министерството за образование и наука реагира, како што посочуваат, на пласираните невистини дека на партиски избори одржани во неделата се гласало во училишта. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација, велат од Министерството за образование и наука.
Се додава дека Министерството за образование и наука работи согласно закон.
-Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука и се апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди.