Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во споредба со вториот квартал.
Така го продолжи претходниот квартален пад од 0,8 отсто, објави денеска Шведскиот институт за статистика – СЦБ.
Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалените залихи и помалата потрошувачка на домаќинствата.
Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, додека потрошувачката на општата влада не се менува
Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто. Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти.
Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално, додека увозот е намален за 1,5 отсто.
На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.
Да потсетиме, норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, заедно со стагнантната странска побарувачка за гас, покажаа статистичките податоци.